Зашто работиме во Телелинк

 
"Да се биде дел од одличниот тим на Телелинк е вистински предизвик за мене. Исто како и секоја млада личност, и јас барам сигурност, развој, нови технологии и пристојни примања за мојата работа и поради тоа Телелинк идеално ми одговара."
 
Стилијан Цикалов
Проект менаџер во Оддел за инсталации
Магистер по Радио Комуникации на Техничкиот Универзитет - Софија, 2007 
 
 ***
 
"Моето време дојде да излезам на пазарот на работна сила. Сурфајќи на интернет наидов на сајтот на Телелинк и се заинтересирав за нејзината историја. Угледна компанија со ценети партнери: Cisco Systems, IBM, Microsoft, Juniper и останати светски познати IT компании. Уште повеќе бев импресионирана од листата на клиенти која ја има Телелинк: мобилни оператори, многу министерства, осигурителни компании и останати добро познати јавни и приватни организации.
 
Сите овие податоци беа повеќе од доволни за да ме мотивираат да станам дел од тимот на Телелинк и да зачекорам во нејзината динамична атмосфера.  
 
Потоа дојде интервјуто .... Бев многу импресионирана од односот и вниманието кое ми беше дадено, ја почувствував виталноста и динамичноста на тимот – бев сигурна дека го пронајдов моето место.
 
Благодарна сум што ми е дадена шанса да станам дел од големото семејство на Телелинк."
 
Деница Денева
Координатор во административниот оддел за продажба 
Студент во Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија
 
***
 
"Во Телелинк стекнувам вредно искуство во дизајнот и имплементацијата на Менаџмент системот за згради. Можам секогаш да сметам на моите колеги за соработка и поддршка. Она кое ми се допаѓа е можноста за развој и унапредување која ја имам тука. " 
 
Митко Ванчев
Технички проект менаџер во Одделот за Интелигентни Објекти 
Диплома по Автоматизација на Техничкиот Универзитет - Софија, 2008 
Телелинк Македониja
Одбери локација