БМС/БАС

Решенијата на Телелинк за Интелигентни Објекти содржат најнова технологија за да се обезбеди најдобар Бизнис Менаџмент Систем (БМС). Со интеграција на инсталациите во зградите, кои биле изведени независно една од друга во времето, БМС обезбедува единствен интерфејс за централизирана контрола на зградата, со што се зголемува ефикасноста на зградата, се подобрува безбедноста, а се намалуваат трошоците. Прибирливите сопственици/корисници на зградата кои бараат првокласен деловен простор ги сметаат овие бенефиции за круцијална компонента на модерните објекти во кои тие ја вршат својата дејност.  

Телелинк обезбедува:
·         “Клуч на рака„ решенија и креативен пристап
·         MCC (Motor Control Center)  дизајн на разводни табли и производство
·         Изведба на мрежи базирани на LON протокол
·         Програмирање на PLC
·         Имплементација и пуштање во погон
·         Развој на станици за графичко управување
·         Документација  

 

 
Билдинг Менаџмент Системот се базира на апликација на специфично дистрибуирана логика, која е програмирана во контролори. Вредноста на БМС доаѓа од интерконекцијата на контролорите во еден единствен систем кој може да биде администриран и надгледуван од управувачки станици ширум светот. Апликацијата работи под повеќето оперативни системи на Microsoft и поради тоа што комуникацијата помеѓу управувачките станици и БМС е IP-базирана, далечинскиот мониторинг и управување стана стандардна карактеристика на концептот на Интелигентните Објекти во Телелинк. Систем аларми, историски логови и трендови се складирани за да обезбедат веродостојна и лесно пребарлива архива на евенти.   
 
 
 

 

Телелинк Македониja
Одбери локација