Решенија и Услуги
Во Телелинк знаеме како да ги набавиме најдобрите технологии и да ги адаптираме согласно барањата на пазарот.
Веродостојно и сигурно!
Комбинирајќи ја техничката извонредност со професионален проектен менаџмент и бескомпромисна поддршка и одржување со висок квалитет Телелинк создава решенија и услуги за мобилни и фиксни телекоми, големи и средни претпријатија и јавни организации. Ние работиме на високо развиените пазари ширум регионот на Југо-Источна Европа, организирани во бизнис единици.
Безжични Мрежи– услуги и “клуч на рака„ решенија за развој и поддршка на безжични акцес мрежи, со особена насока за мобилната телефонија, јавната безбедност и алтернативните широко распространети преносители со безжичен пристап.
Систем Интеграции – дизајн, интеграција и поддршка на next generation телеком мрежите и платформи и решенија за реализација на услугата, насочени кон телеком оператори, државни институции и големи претпријатија како банки, комплекси итн., разавивајќи нивна сопствена преносна мрежна инфраструктура.
Интелигентни Објекти – дизајн, интеграција и поддршка на интегрирани менаџмент системи за згради и објекти, насочени кон големи јавни и приватни организации, а со особен фокус кон оние кои го развиваат бизнисот со недвижнини.
Во сите правци на бизнисот, Компанијата обезбедува целосен циклус на решенија кои ги нуди и ја поседува способноста да го развива своето портфолио во правец на управувачки услуги и outsourcing.
