Систем интеграции
|
Секоја организација се соочува со предизвици при решавањето како да се справи со информатичките и телекомуникациските технологии кои се постојано во процес на менување. Водечките набавувачи на опрема постојано нудат нови решенија. Сервис провајдерите агресивно лансираат нови иновативни услуги. Во таквата комплицирана средина Телелинк е вашиот компетентен водич и сигурна поддршка.
Со најголем број на високо квалификувани мрежни инженери во регионот, бизнис единицата за Систем интеграција обезбедува “клуч на рака„ услуги за мрежна интеграција кои осигуруваат брзо, сигурно и веродостојно решение. Нашиот тим на стручни професионалци го користи своето искуство за интегрирање на производи од светски најпознатите производители за да создадат телекомуникациска инфраструктура на следната генерација за претпријатија и државни органи.
|
Јавете се на: +389 2 3073 430
Испратете е-маил
Download повеќе инфо за
Прочитајте повеќе за нашите |
Преку блиската соработка со вас во секоја од фазите при создавање на решенијата се овозможува создавањето на заедничко разбирање и доверба. Слушаме и советуваме во фазата на планирање и дизајнирање. Ги користиме најоригиналните и високо квалитетни решенија во фазата на имплементација. Нудиме поддршка 24/7/365 како и благовремени решенија на проблеми уредени со стриктен SLA.
