Побарувачката на клиентите за персонализирани услуги соединети со специфични потреби бара приод кој ќе го вклучува клиентот во центарот. Во Телелинк ние го препознаваме таквиот предизвик и создадовме бизнис единица за Систем интеграции која ја обезбедува најновата технологија што ја бараат организациите сакајќи да се осигурат дека нивниот фокус ќе остане на крајниот потрошувач.
Сите битни компоненти на мрежите дизајнирани од Телелинк се структурирани така да ги задоволат уникатните потреби на инфраструктурата на секој клиент посебно. Ваквиот фокус ги оптимизира постоечките мрежи додека ја олеснува миграцијата во технолошки посупериорно решение. Backbone мрежите создадени од Телелинк вклучуваат:
DWDM
IP/MPLS
SDH
Нашиот пристап кон принципот “клуч на рака„ се докажа како исклучително успешен при имплементацијата на Backbone мрежите. Со тоа што овие мрежи стануваат важна основа за претставување на широкиот опсег кој го бараат next generation услугите, Телелинк работи со водечките сервис провајдери во регионот во распространувањето на определен број на многу успешни Backbone проекти. Успеавме да развиеме неспоредлива експертиза не само за интеграција, туку исто така и за комплетниот животен циклус на одржување и поддршка на масивните комуникациски мрежи.
IP и Ethernet станаа сигурни стандардни протоколи за Пристапните мрежи поради тоа што обезбедуваат супериорна флексибилност за остварување на услуги за само дел од трошоците споредено со претходните системи. Сепак, реконструкција на целокупна мрежа е скап потфат, па затоа во Телелинк сме специјализирани во трансформирање на мрежите. Со хомогено интегрирање на врвната технологија со постоечката инфраструктура, бизнис единицата за Систем интеграции преку нашите решенија за Пристапни мрежи им овозможуваат на операторите да ја максимизираат продуктивноста на мрежата, а да ги минимизираат трошоците за унапредување на истата.
Некои од најпопуларните мрежи базирани на IP и Ethernet кои Телелинк моментално ги интегрира ги вклучуваат:
Metro Ethernet
ADSL/MSAN
FTTX
Wi-Fi
WiMesh
Телелинк ја надминува едноставната продажба на „кутии“ и градење на мрежи. Ние обезбедуваме посупериорна услуга низ целокупниот процес на интеграција на вредносната верига. Без разлика дали креирате нова мрежа или трансформирате постоечка, бизнис единиците за Систем интеграции во Телелинк групацијата обезбедуваат:
·Веродостојни „клуч на рака“ решенија почнувајќи од дефинирање на примарниот концепт на мрежата како дел од HLD (High Level Design), до имплементација и трансфер на постоечките корисници;
·Пионерски скроени решенија со користење на технички платформи од светски познати производители;
·Множество на ресурси со осигурување на капацитети како на под-изведувачи, така и на развојот на мрежи од широки размери;
·Проактивен проектен менаџмент и поддршка низ целокупниот процес на трансформација на мрежата;
·Мрежи дизајнирани за симултано да ја зголемат продуктивноста и да ја заштитат инвестицијата;
·Независност на технологијата со решенија за се преку Ethernet (глас, видео и податоци) и Ethernet преку се (бакар, фибер влакно, ламбда).
Од консултации и дизајн на мрежна архитектура до комплетна интеграција на мрежа и обука, Телелинк станува партнер со своите клиенти за создавање на Корпоративни мрежи по нарачка, кои ја зголемуваат безбедноста и ефикасноста, додека ја оптимизираат постоечката инфраструктура да го редуцира CAPEX за време на надградбите на системот. Како искусен интегратор, Телелинк може да обезбеди објективно технолошко советување врз база на работата која ја имаме со светските водечки набавувачи. Некои од технологиите кои можеме да ги интегрираме за вас ги вклучуваат и:
WAN
VPN
Corporate LAN
Data Center networking infrastructure
Широкиот спектар на фиксни и безжични пристапни технологии кои Телелинк ги нуди се дизајнирани за да го оптимизираат користењето на постоечките ресурси на мрежата и обезбедат зголемена функционалност и сигурност, а намалено одржување.
Додека транзицијата во целосна IP мрежа не е бесплатна, неспорни се бенефициите од единствена, унифицирана трансмисиона средина за глас, видео и податоци без разлика кој начин на трансфер (пр. фиксни јазли, релеј конекции, Интернет итн.) се користи. За почеток, тоа овозможува конвергирана инфраструктура и овозможува организациите да ги елиминираат бројните Т1 и Е1 линии кои ги откупуваат, за да им се намалат трошоците како и да се ослободат од непотребните мрежи со мал опсег. Со обезбедување на сите или само на специфични сегменти од информатичкиот систем, организациите можат да остварат привилегиран пристап на ресурси за нивната работна сила, партнери и дистрибутери и со тоа ја зголемат ефикасноста на операциите кои најчесто не се поврзуваат веднаш со телекомуникациите.
Решенијата на Телелинк за Унифицирани комуникации ја пренесуваат интелигенцијата од современиот инженеринг во телекомуникациските услуги кои ги бараат пребирливите клиенти. Резултатот е создавање на напредни платформи кои ја зголемуваат контролата на IP базираните услуги преку овозможување на бројни можности за менаџирање на постоечките мрежи.
Softswitches
Corporate VoIP and voice mail
Collaboration Solutions
Contact centers
Нашето искуство се применува за минимизирање на комплексноста на обезбедување на единствено решение кое ја оптимизира доставата на глас, видео и податоци дури и тогаш кога во мрежата се инволвирани неколку различни технологии. Ваквата транзиција кон единствена мрежа способна да управува со множество од платформи за достава на услугата им овозможува на нашите клиенти мноштво технолошки опции дизајнирани за зголемување на ефикасноста и интегрирани специјално за исполнување на потребите на денешните најпребирливи клиенти во областа на телекомуникациите.