Managed Services

Managed service е бизнис модел со кој клиентот секојдневно до Телелинк пренесува управувачки одговорности поврзани со ICT со цел да постигне унапредени, ефективни и ефикасни операции.

Managed service е сет од услуги, правила и процедури за 24/7/365 далечинска поддршка, константен мониторинг, прецизна дијагностика и навремено решавање на пројавени проблеми. Телелинк како Провајдер за Managed Service гарантира ниво на услуги кои ги побарува клиентот согласно  прецизен Service Level Agreement (SLA). 
Има мноштво бенефиции како за бизнис, така и за IT менаџментот, од кои најважни се:
-       Редуцирани вкупни трошоци
-       Редуцирање на ризикот, зголемување на компетенциите
-       Зголемена продуктивност
-       Зголемување на ROI (Return of Investment) преку минимизирање на иницијалната инвестицијата
-       IT персонал фокусиран на испорачување на вредности и предности за централната дејност на компанијата.

 

Managed WAN

Managed LAN

Managed Security

Managed Unified Communication

 

 

Managed WAN

 

Со Managed services WAN Телелинк им овозможува на мобилните работници и на географски оддалечените и распрснати службеници во подружниците да можат рентабилно и сигурно да се конектираат со Intranet или пак со Extranet на претпријатието користејќи ги заедничките IP мрежи на сервис провајдерот, мрежата на партнерот или пак Internet. Иако конекцијата е остварена преку споделена мрежа, клиентот може да ги има истите управувачки и безбедносни политики како во приватна мрежа. Обемот на Managed WAN services вклучува:
 
-           Проценка, дизајн и инсталациски услуги
-           24x7 мониторинг и менаџмент
-           ITIL базиран деск (Helpdesk) достапен нонстоп телефонски, по маил, на веб
-           Управување на дефекти (Fault Management) – помага да се предвиди, доведе во корелација, регистрира и одговара на алармантни ситуации (обезбедени од мониторинг системот) што ќе доведе до побрза реакција за дефектите и да ги реставрира сервисите на нормални бизнис операции во најбрз можен рок  
-           Управување на конфигурација (Configuration Management)
-           Управување на промени (Change Management) – ги аплицира регистрациите и контролата врз промените (планирани или неавторизирани)
-           Управување на безбедноста (Security Management)– сите  активности поврзани со менаџирањето на услугата за корисникот се аплицирани во безбедносни политики и методи кои осигуруваат да нема никакви закани за корисникот и опасност од разоткривање на доверливи податоци ниту на јавноста ниту на самиот MSP
-           Месечни статистички извештаи
-           Решавање на проблеми на лице место
-           Периодично одржување на лице место
(два, три, четири пати во годината)
-           Проaктивна проверка на исправност на системот
-           Оптимизација на мрежата

-    Менаџмент на изведба и планирање на капацитет

-           Service Level Agreement со фиксни термини за реакција

      и реставрација

-           Прецизна метрика MTTN, MTTR, MTRS

Дополнителни

бенефиции

 

 
  • Поддршка и менаџирање на корпоративни реализации, кои ги надминуваат лимитите на скалабилност својствена за CPE базирана VPN архитектура  

     

  • Безбедно интерконектирање на корисничките сајтови меѓу граничните рутери (provider edge routers) низ јадрото на мрежата на провајдерот со цел да се обезбеди сигурносен on-net и off-net далечински пристап преку IPSec тунелите. Ваквата сигурност е можна бидејќи мрежно базираната IPSec VPN потекнува и завршува во мрежата на сервис провајдерот.

 

  • Намалување на трошоците и оперативните барања бидејќи постои мала потреба за обезбедување на индивидуални кориснички уреди кога VPN  услугите се обезбедуваат директно од мрежата.

 

  • Понуда на проширено VPN портфолио кое вклучува целокупна интеграција на VPNs со далечински пристап како и сервисни операции како приоритети за Квалитет на услуга (QoSQuality of Service) и service-level agreements (SLAs). 

 врати се на почеток

 

 Managed LAN 

 

Со Managed LAN services Телелинк обезбедува поширока поддршка за целосната LAN  мрежна опрема, потребна за остварување на локалните комуникациски услуги во деловниот простор. Се обезбедува ефективен и конвергентен комуникациски линк од 10/100/1000Mbit/s за поврзување на крајната опрема на корисникот (работна станица, телефон итн.)  
Со зголемување на популарноста на апликациите како VoIP  и мобилноста, LAN мрежите стануваат толку комплексни и толку критични поради што се зголемува и бројот на компаниите кои го предаваат нивното управување на експерти. Managed LAN service ќе допринесе за побрзо решавање на проблеми, подобра услуга, мониторинг и планирање на капацитетот и мониторинг на зголемување на доспатноста на услугата, како и превентивно одржување. Обемот на Managed LAN services вклучува:
 
-           Проценка, дизајн и инсталациски услуги
-           24x7 мониторинг и менаџмент
-       ITIL базиран деск (Helpdesk) достапен нонстоп телефонски, по маил, на веб
-        Менаџмент на дефекти (Fault Management); е комбинација од менаџмент на инциденти и менаџмент на проблеми; помага да се предвиди, доведе во корелација, регистрира и одговара на алармантни ситуации (обезбедени од мониторинг системот) што ќе доведе до побрза реакција за дефектите и да ги реставрира сервисите на нормални бизнис операции во најбрз можен рок  
-        Управување на конфигурација (Configuration Management); Управувањето на конфигурацијата е комплицирана задача за кое е потребно време, а која е многу често запоставувана, особено во средините на големите претпријатија. Многу често се потребни специјално прилагодени алатки за да може да се извлечат информации за управување на конфигурацијата на уредите кои се користат во една средина. 
-        Управување на промени (Change Management)ги аплицира регистрациите и контролата врз промените (планирани или неавторизирани)
-        Управување на безбедноста (Security Management) – сите активности поврзани со менаџирањето на услугата за корисникот се аплицирани во безбедносни политики и методи кои осигуруваат да нема никакви закани за корисникот и опасност од разоткривање на доверливи податоци ниту на јавноста ниту на самиот MSP
-           Месечни статистички извештаи
-           Решавање на проблеми на лице место
-           Периодично одржување на лице место
                    (два, три, четири пати во годината)
-           Проактивна проверка на исправност на системот
-           Оптимизација на мрежата
-           Менаџмент на изведба и планирање на капацитет
-           Service Level Agreement со фиксни термини за реакција и реставрација
-           Прецизна метрика MTTN, MTTR, MTRS

 

Дополнителни бенефиции

 
  •   Висока достапност – резервна патека треба да биде обезбедена за сообраќајот во случај на дефектен линк или направа
  •  Скалабилност – Архитектурата треба да биде прилагодлива на дополнителни корисници и услуги без голема промена на инфраструктурата. 
  •  Безбедност – Мрежата треба да биде безбедна и да одбива неавторизирани корисници како и да спречува малициозни напади.  
  • Управливост – Мрежата треба да биде едноставна за користење, за решавање на проблеми и да се управува без да ја загрози високата достапност, безбедност и скалабилност. 

 врати се на почеток 

 Managed Security 

Managed Security услугите е докажано дека се неизбежен клучен елемент за компаниите кои оперираат со важни и доверливи информации и во основа треба да го заштитат секој дел од податоците. На корисниците на  Managed Security им се нуди мониторинг и видливост на мрежата 24х7, стриктна SLA метрика и широк дијапазон на статистички податоци, извештаи и персонален пристап базиран на дефинирано пристапно ниво (personal roll-based access) на самиот мониторинг систем.     
 
Managed Security услугите вклучуваат хардвер, софтвер и сервиси, доставувајќи комплетно “од крај до крај„ решение. Карактеристиките на понудата можат да бидат сумирани како:
 
-        24x7 мониторинг и менаџмент
-        Зголемена безбедност
-        Пристап до безбедносна експертиза
-        Намалени оперативни и капитални трошоци
-        Пристап до најновите безбедносни технологии
-        Зголемување на времето и ресурсите кои можат да се посветат на основната дејност
-        Подобрена ефикасност на in-house IT персоналот
-        Побрза употреба на безбедносни решенија
-        Проценка, дизајн и инсталациски услуги
-        Месечни статистички извештаи  
-        Периодично одржување на лице место
-        (два, три, четири пати во годината)
-        Проактивна проверка на исправност на системот
-        VPN и crypto подобрување
-        Оптимизација на мрежата
 
 
 

 

Managed Security програмата на Телелинк ги вклучува следниве категории: 
 
·                 Безбедност на периметар
·                 Огнен ѕид
·                 Детекција на интрузија  
·                 Превенција на интрузија
·                 Проактивна безбедност
·                 Анти-Спам
·                 Анти-Вирус
·                 AAA системи
 
Можностите на услугата Managed security вклучуваат но не се ограничени и на:
 
·                 Network Address Translation (NAT)
·                 Демилитаризирана Зона (ДМЗ)
·                 Stateful Traffic Inspection
·                 Authentication Proxy
·                 Траспарентен Firewall
·                 URL Филтрирање
·                 DoS детекција на напади
·                 Voice Security
·                 Детекција на интрузија
·                 Signature Management соIPS
·                 Контрола на пристап прилагодена за индивидуални корисници 
 
 
 
Managed Unified Communication
Конвергираните мрежи кои користат IP за да праќаат податоци, глас и видео преку единствен мрежен канал помагаат да се овозможи поголемо содејство, симплифицирано управување на мрежата, како и да се редуцира оперативниот трошок. За корисниците, конвергираните комуникации го содржат ветувањето на поголема продуктивност, флексибилност, погодност, ефикасност и безбедност на мрежата, а сето тоа за помал трошок.
 
За разлика од самостојните решенија и самостојните продукти, Managed Unified Communications решенијата интегрираат глас, видео, мобилност и податоци, додавајќи структура и интелигенција за скоро секој аспект од бизнис комуникацијата. Интегрираните апликации вклучуваат:  
 
• Високо безбедни IP комуникации
• Соработка
• Унифициран messaging
• Мобилност
• Видео и конференциска врска со мултимедијална поддршка
• Контакт Центар
 
 
Бенефициите на  Managed Unified Communication го вклучуваат следново од страна на Телелинк:
 
• Редуцирани телекомуникациски трошоци, наплати за приклучок, како и сите наплати за повици преку гласовен сообраќај во претпријатието 
• Зголемена продуктивност преку брз и сигурен пристап на витални деловни податоци и комуникации
• Зголемена употреба и конфигурациска флексибилност
• Симплифициран менаџмент и употреба на нови услуги
• Лесна скалабилност, погодна за сите големини на компании
• Редуцирани инфраструктури, менаџмент и мониторинг трошоци
• Редуцирани трошоци за работниците ангажирани за работа од дома/надвор од канцеларија (teleworkers)
 
 
• Низок TCO (total cost of ownership)
 
Managed UC услугите вклучуваат секаков хардвер, софтвер и услуги, обезбедувајќи комплетно “од крај до крај„ решение составено од следниве големи компоненти:
 
-           Проценка, дизајн и инсталациски услуги
-           24x7 мониторинг и менаџмент
-      ITIL базиран деск (Helpdesk) достапен нонстоп телефонски, по  маил, на веб
-      Управување на дефекти (Fault Management); е комбинација од менаџмент на инциденти и менаџмент на проблеми; помага да се предвиди, доведе во корелација, регистрира и одговара на алармантни ситуации (обезбедени од мониторинг системот) што ќе доведе до побрза реакција за дефектите и да ги реставрира сервисите на нормални бизнис операции во најбрз можен рок  
-      Управување на конфигурација (Configuration Management); Управувањето на конфигурацијата е комплицирана задача за кое е потребно време, а која е многу често запоставувана, особено во средините на големите претпријатија. Многу често се потребни специјално прилагодени алатки за да може да се извлечат информации за управување на конфигурацијата на уредите кои се користат во една средина
-      Управување на промени (Change Management)– ги аплицира регистрациите и контролата врз промените (планирани или неавторизирани)
-      Управување на безбедноста (Security Management)– сите активности поврзани со менаџирањето на услугата за корисникот се аплицирани во безбедносни политики и методи кои осигуруваат да нема никакви закани за корисникот и опасност од разоткривање на доверливи податоци ниту на јавноста ниту на самиот MSP
-           Месечни статистички извештаи
-           Решавање на проблеми на лице место
-           Периодично одржување на лице место
    (два, три, четири пати во годината)
-           Проактивна проверка на исправност на системот
-           Оптимизација на мрежата
-      Квалитет на услугата (Packet Loss, Jitter, Delay се минимизирани)
-           Менаџмент на изведба и планирање на капацитет
-      Service Level Agreement со фиксни термини за реакција и реставрација
-           Прецизна метрика MTTN, MTTR, MTRS
  
 

 

Телелинк Македониja
Одбери локација