Функции

 

 

Нашиот предлог се состои од неопходни технички решенија за Office комуникациите заедно со Телелинк услугите.

 

Техничките решенија се следниве:

 

·                     Високо брзинска локална мрежа (LAN) во секоја канцеларија на вашата Компанија, која обезбедува комуникација помеѓу сите компјутери и останати уреди во секоја од канцелариите; 

·                    Безжичен линк (Безжичен LAN) кој овозможува поголема флексибилност на вработените во Компанијата;

·         Безбедна и веродостојна комуникација меѓу канцелариите на Компанијата, без разлика на нивната географска локација. Услугата овозможува обезбедена комуникација со контролиран пристап помеѓу централната канцеларија и подружниците преку употреба на логички виртуелна приватна мрежа, која дозволува лесна комуникација помеѓу сите вработени;

·                     Пристап до интернет, овозможувајќи го пристапот до глобалната мрежа на секој локален корисник;

·                     Огнен ѕид, кој ја заштитува мрежата на корисникот од разни напади преку локалната и глобалната мрежа;

·                     Бизнис телефонија со традиционални и екстензивни функции – пр. со поддршка на видео разговори;

·                     Бесплатни разговори помеѓу канцелариите на Компанијата;

·                    Бесплатни разговори во затворена група, која овозможува комуникација помеѓу фиксните и мобилните телефони на вработените;

·                     Говорна пошта за сите вработени во Компанијата;

·                     Сите функции за вработените во движење ( пристап до внатрешните ресурси на телефонската услуга);

·                    Поштенско сандаче за сите вработени во Компанијата, кое ја обезбедува можноста за размена на електронска пошта и фајлови

·                     Push E-Mail функции, кои овозможуваат оперативност на поштенското сандаче преку мобилен телефон;

·                     Fax to e-mail – можност за добивање на дојдовни факс пораки во електронското поштенско сандаче;

·                     Single Number Reach (SNR)можност да се добие секој вработен во Компанијата во секое време преку еден единствен телефонски број;

·                     Automated attendant (AA)  - софтвер за прифаќање на дојдовни повици преку автоматски оператор;

·                     Automated Call Distribution (ACD)основен систем за прифаќање на дојдовни повици.

 

 

Телелинк услуги:

 

·                     Одржување, конфигурација и администрација на сите услуги во секоја од канцелариите на Компанијата;

·                     24x7 далечински мониторинг и решавање на проблеми, како и далечинска администрација на системите во работно време;

·                     Менаџмент во овозможување на телефонски конференциски разговори и рутирање;

·                     Месечни извештаи за постоечките услуги кои се даваат;

·                     Посети остварени од специјалисти.

 

По барање Телелинк може да овозможи конективност и телефонија преку еден од нашите телекомуникациски оперативни партнери.

 

Телелинк Македониja
Одбери локација